Досега откупени 55.000 тони лебно жито

Bez autora
Jul 18 2013

Македонските мелничари ја поддржуваат одлуката на Владата за заштита на домашниот пазар за пченица и брашно со врзувањето на увозот и откупот на увозно брашно со домашна меркантилна пченица. Сметаат дека треба да остане во сила во предвидените шест месеци. Васко Ристовски, од Групацијата на мелничко-пекарска индустрија при Стопанската комора на Македонија, истакна дека ова е препораката која ја доставиле до Министерството за земјоделство во пресрет на состанокот на земјите од ЦЕФТА кој треба да се одржи следната недела. Откупот тече во согласност со препорачаните цени без никакви проблеми, иако имаше негодувања од помалите производители на пченица. Врз основа на ова апелираме мерката да остане на сила во оној временски интервал што беше договорен. Исто така повикуваме во оние региони каде што се уште не е почнат откупот на пченица тој да почне што е можно побрзо.

Досега откупени 55.000 тони лебно житоМакедонските мелничари ја поддржуваат одлуката на Владата за заштита на домашниот пазар за пченица и брашно со врзувањето на увозот и откупот на увозно брашно со домашна меркантилна пченица. Сметаат дека треба да остане во сила во предвидените шест месеци.

Васко Ристовски, од Групацијата на мелничко-пекарска индустрија при Стопанската комора на Македонија, истакна дека ова е препораката која ја доставиле до Министерството за земјоделство во пресрет на состанокот на земјите од ЦЕФТА кој треба да се одржи следната недела.

- Откупот тече во согласност со препорачаните цени без никакви проблеми, иако имаше негодувања од помалите производители на пченица. Врз основа на ова апелираме мерката да остане на сила во оној временски интервал што беше договорен. Исто така повикуваме во оние региони каде што се уште не е почнат откупот на пченица тој да почне што е можно побрзо - вели Ристовски.

Според него, мелничарите апелираат откупот да почне и во регионите каде што жетвата е во тек и онаму каде што евентуално доцни. Преземените мерки ќе имаат позитивен ефект, ќе овозможат да се откупат планираните количини.

Според податоците на СКМ, досега во Македонија се откупени околу 55.000 тони лебно жито, што е 20% во однос на очекуваниот род од 280.000 тони.

Владата на почетокот на овој месец донесе Одлука за воведување на мерката за заштита на пазарот на пченица и брашно со врзување на количините на увоз на пченица и брашно со откуп на пченица произведена во Македонија, која треба да овозможи постигнување на рамнотежа на пазарот.

Според уредбата на македонската Влада за еден килограм увезена пченица македонските увозници мораа да откупуваат по три килограми домашна, а за еден килограм брашно - четири килограми пченица.

На оваа одлука остро реагираше Србија, која се закануваше со реципрочни мерки. Според нив, одлуката за заштита на домашниот пазар со условен откуп од странство не го крши ЦЕФТА договорот и побараа итен состанок на сите земји-членки. Минатата недела министерот за земјоделство Љупчо Димовски оствари средба со српскиот министер за трговија Расим Љајиќ и разговараа за евентуално повлекување на ваквата одлука од македонската Влада.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik